ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ЛИНО ТЕ ВОДИ ВО ДИЗНИЛЕНД

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: Лино те води во Дизниленд(во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на Наградната игра е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на Наградната игра, време и место на одржување

Името на Наградната игра е: Лино те води во Дизниленд.Нaградната игра ќе трае од 15.04.2023 година до 15.05.2023 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на Наградната игра

Целта на Наградната игра е да се зајакне врската со потрошувачите и да се изрекламираат производите под брендот Лино“ на Подравка со организирање на наградна игра која се спроведува преку веб – страницата lino-kasicki.mk

Член 4 – Услови за учество во Наградната игра

Во Наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија.

За да се учествува во Наградната игра, заинтересираниот учесник треба да купи производи под брендот „Лино“ на Подравка во вредност од над 350 денари. Производи кои треба да се купат за да се учествува во Наградната игра се: Чоколино  200g, Чоколино 500g, Чоколино 1000g Чоколино бејби 210g, Чоколино без глутен 200g, Лешник Чоколино 500g, Лешник Чоколино 200g, Јуниор Медолино 200g, Карамелино 200g, Фрутолино 200g, Кексолино 200g, Ванилино 200g, Рижолино 150g, Кексолино со јаболко и камилица 200g, Зобелино со слива 200g, Лино кашичка праска 130g, Лино кашичка јаболко 130g, Лино кашичка круша 130g, Лино кашичка кајсија 130g, Лино кашичка јаболко банана 190g, Лино кашичка јаболко кекс 190g, Лино кашичка јаболко круша 190g, Лино кашичка слива јаболко 190g, Лино кашичка овошје со ориз 190g, Лино јаболко и слива со гриз 190g, Лино овошје со интегрални житарици 190g, Фрутолино јаболко, круша и банана пауч 100g, Фрутолино овошје со овес пауч 100g, Фрутолино овошје со пченица пауч 100g, Фрутолино круша и кајсија пауч 100g, Лино млечен десерт кекс (2х100г) 200g, Лино млечен десерт чоколадо (2х100г) 200g, Лино млечен десерт гриз (2х100г) 200g, Кексолино бејби бисквит 140g, Кексолино какао кекси 140g, Кексолино интегрални кекси 140g, Лино мојот прв флипс 25g, Лино бејби флипс со морков 25g, Лино кранч 225g, Лино кранч 500g, Лино кранч дуо 225g, Лино кранч дуо 500g, Лино мини пилоус нугат 250g, Лино пилоус 250g со бело полнење, Лино пилоус 500g со бело полнење, Лино пилоус 250g со темно полнење, Лино пилоус 500g со темно полнење, Лино њами 300g, Лино хани рингс 225g и Лино чоко карамел флејкс 225g.

Фискалната сметка треба да се фотографира и прикачи на интернет страницата lino-kasicki.mk, во полето назначено за тоа. На крајот, за да биде пријавата комплетна, учесникот мора да го пополни онлајн формуларот и да ги внесе своите лични податоци (име, презиме, адреса, број, место,поштенски фах, држава, контакт телефон, е – маил адреса) за да ја заврши успешно пријавата. Секој учесник со пријавување во наградната игра најдоцна до 15.05.2023 година 23:59:59 часот автоматски влегува во базата од која ќе биде награден само 1 (еден) добитник.

Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на наведениот рок, немаат право на учество во Наградната игра. Секој учесник може да учествува во Наградната игра повеќе пати, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци во електронскиот формулар се нецелосни и / или неточни, таквата пријава ќе се смета за неважечка.

Право на учество во Наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство (родители, сопружници, деца, браќа и сестри). Лица под 18 години не може да учествуваат во Наградната игра.

Член 5 – Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на Наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши Правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при пополнување на електронскиот формулар. Доколку исписот содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување, односно од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правилноста на Наградната игра.

Член 6 – Награден фонд

Наградниот фонд вклучува 1(една) награда:

  • 1 x Лино Дизниленд Париз пакет во форма на ваучер за: 4 дена и 3 ноќевања во хотел во 1 соба до 4 гости родители/старатели и деца до 12 годишна возраст, билети за паркот Дизниленд за семејството до четири члена, 4 повратни авионски билети, трансфер до хотел, трансфер до аеродром. Вредноста на ваучерот е 3.000 евра.

Односно, вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 186.000,00 денари, со вклучен ДДВ.

*Организаторот го плаќа персоналниот данок.

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите ќе се одвива по електронски пат, користејќи комјутерска програма за генерирање на броеви и ќе се одржи на 18.05.2023 во 10:30 часот во просториите на компанијата Подравка во Република Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Даниела Трајковска – директор на финасии, Наташа Димовска – продукт менаџер, Симона Тасковска – маркетинг менаџер) и нотар, а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со 15.05.2023 година во 23:59:59 часот.

Извлекувањето на наградите ќе се врши во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец, со адреса на ул.9, бр.4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонија.  Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе го содржи името и презимето, како и адресата на добитникот на главната награда. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4.на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку добитникот не ја подигне наградата во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во Наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Доколку во Наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од Наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата lino-kasicki.mk на Организаторот најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од Наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Добитникот го остварува правото на наградата откако ќе се изврши увид во неговиот документ за лична идентификација при подигнувањето на главната награда – ваучер за патување во Дизниленд, Париз во просториите на компанијата Подравка. Во спротивно, тој го губи правото на наградата. Добитнкот треба да го потврди својот идентитет со свој валиден документ – лична карта и да ја чува фискалната сметка како доказ дека купил Лино производи во вредност од над 350 денари.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Добитникот ќе го добие ваучерот за патување во Дизниленд, Париз во просториите на компанијата Подравка најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од Наградната игра на веб – страницата lino-kasicki.mk. Наведениот рок за подигнување на ваучерот може да се продолжи само доколку добитникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да ја превземе наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок.

Организаторот на Наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети или неправилно означени електронски формулари за пријава. Добитникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива. Истата може да се искористи до крајот на календарската година.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на 15.04.2023 година на веб станицата: lino-kasicki.mk/. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила.

Член 12 – Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Со претходна писмена согласност, учесниците се согласни, доколку станат добитик на главната награда, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето/подигнувањето на наградата. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од Наградната игра и во врска со Наградната игра.

Член 13 – Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесникот во Наградната игра   Лино те води во Дизниленднадлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14 – Можност за прекин на Наградната игра

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија, согласно Член 8 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Член 15 – Валидност на правилата на Наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб страницата lino-kasicki.mk на Организаторот, по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на Наградната игра.